Шок за Русија, ќе мора без најголемата ѕвезда на СП во Кина

Репрезентацијата на Русија доби голем удар пред Светското првенство (СП) кое се игра во Кина затоа што нема да може да смета на најголемата ѕвезда.

Алексеј Швед, кошаркарот на Химки Москва, се здоби со повреда и нема да може да ѝ помогне на „зборнаја“ на светскиот кошаркарски собир. Се работи за повреда на зглобот, поради што тој ќе мора да мирува најмалку четири недели.

Селекторот Сергеј Базаревич набрзо ќе одлучи кој кошаркар ќе го замени лидерот на Химки и на репрезентацијата на последниот Евробаскет.

Русите на СП се наоѓаат во групата Б заедно со Аргентина, Јужна Кореа и Нигерија, а отворањето на Мундобаскетот ќе го имаат на 31 август против Нигеријците.