Шок за НБА-првакот: Голден Стејт остана без Дурант и загуби од Феникс

Актуелниот првак во НБА-лигата, Голден Стејт, нема по добро да ја памети претстојната ноќ, затоа што пред својата публика загуби од аутсајдерот Феникс (111-115) и воедно остана без една од ѕвездите поради повреда.

Ѕвездениот тим во еден момент од мечот имаше 11 поени предност (29-18), но до крајот ја испушти. Феникс се врати во мечот до полувремето (57-56), а оттогаш па се до крајот се играше изедначено. Дуелот се реши во последниот период, кога Феникс направи неверојатна серија и се одлепи на +11 (98-109). Оттогаш, Голден Стејт само бркаше, но ниту еднаш не спушти под четири разлика.

Хендикеп за „воините“ беше и повредата на најдобриот кошаркар Кевин Дурант. Американецот го повреди зглобот во последниот период и го напушти паркетот. Најдобар кај Голден Стејт на овој меч беше Клеј Томпсон со 28 поени, Дурант даде 25, додека Стеф Кари заврши со 18 поени. Кај Феникс незаменлив дел од тимот беше Девин Букер со 38 поени.

На останатите натпревари, Минесота како домаќин го совлада Њујорк Никс (103-92), Сан Антонио Спарс беше подобар од Милвоки Бакс (121-114), а победи забележаа уште Детроит Пистонс над Чикаго Булс (131-108), Торонто кај Мајами (104-125), Филаделфија со Индијана (106-89), како и Атланта Хокс и Мемфис Гризлис над Њу Орлеанс (128-116) и Орландо Меџик (105-97).