Шок за Далас: Дончиќ ја обнови повредата на коленото

Дончиќ

Лука Дончиќ не беше во конкуренција во изминатиот период, поради повреда на коленото која ја доби на дуелот со Денвер Нагетс.

Првата ѕвезда на Далас Маверикс започна да тренира со соиграчите. Меѓутоа, последната сесија донесе лоши вести за екипата од Тексас. Словенецот имаше незгоден доскок и се фати за повреденото колено. Американските медиуми пренесуваат дека тој ја влоши ситуацијата со повредата и ќе биде приморан да паузира неколку недели.

Тимот беше оптимист дека ќе го има на располагање на следниот меч против Лос Анџелес Клиперс. Меѓутоа, плејмејкерот го напушти последниот тренинг со мраз на левото колено.

Без Дончиќ, остатокот од ростерот на Далас мора да го даде својот максимум, за да го врати тимот на победнички пат.