Шлагер: „Ел Класико“ за првото место во Евролигата

Барса и Реал изедначени на водечката позиција и тој што ќе победи в петок - ќе се оддели на врвот во Евролигата.

Во центарот на вниманието во евролигашката програма за петок е кошаркарското „Ел Класико“ во „Блауграна“! Тоа ќе биде дуел не само на двете најголеми шпански сили, туку и дуел за врвот бидејќи во него влегуваат со скор 11-2.

Барселона во дуел со најголемиот ривал влегува ослабена со неиграњето на тројца важни првотимци - Кори Хигинс, Алекс Абринес и Ник Калатес. Токму поради тоа, и фактот дека надворешната линија на Барса има само три играчи (Јокубаитис, Куриќ и Лапровитола), Шарунас Јасикевичиус реагираше и потпиша со некогашниот НБА играч, Данте Егзум. Освојувачот на бронзата со Австралија на Олимписките игри во Токио е познат по бројните проблеми со повреди, поради што комплетната кариера во НБА му беше без вистински континуитет. Неофицијално се најавува дека Егзум би можел да се најде во составот за дербито, а бидејќи Барселона пред него постави услов освен стандардните лекарски прегледи да мине и специјални контроли, очигледно има уверение дека е здрав и спремен за акција.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Барселона и Реал Мадрид

Ниту Реал не е во најдобра ситуација со повредите, но проблематиката не е така изразена како во соблекувалната на каталонскиот тим. Треј Томпкинс и Ентони Рендолф нема да играат уште некое време, Карлос Алосен веќе пропушти седум европски натпревари и не се знае кога би можел да се врати, додека Џефри Тејлор заигра против Макаби по три натпревари пауза.

Интересно, ова ќе биде првпат Лапровитола и Ертел да играат против своите поранешни клубови во Евролигата. Францускиот репрезентативец ќе биде силно мотивиран да одигра најдобро што може против Барса, особено поради начинот на кој се разделија. Формата ја натемпира на време бидејќи минатиот четврток со Жерсон Јабусел беше клучен играч во тесната победа над Макаби со 15 поени и пет асистенции. Со повредите на Хигинс и Калатес, Лапровитола со сигурност ќе добие поголем простор и позначителна улога.

Квоти за останатите натпревари во Евролигата

По ова коло, Монако или Олимпија ќе ја прекине низата од четири порази. „Манекените“ долго беа осамени на врвот, но сега делува дека тоа беше многу одамна со оглед на тоа што губеа четири пати во низа, двапати убедливо, и полека паѓаат на табелата. „Кнезовите“ имаа свои добри и лоши изданија, но беа близу до рангот на очекувани резултати, иако три од четири порази во оваа низа ги доживеаја на гости. Најголема енигма е статусот на Мајк Џејмс. Тој мораше да го напушти паркетот порано на гостувањето кај Фенер поради болки, а според некои извештаи го чекаа околу десет дена пауза. Дали ќе може да истрча на паркетот за средбата со Олимпија ќе видиме, но Монако без него не е така конкурентен, без оглед на формата на миланскиот тим кој ќе има добра шанса да го пронајде својот напаѓачки ритам. Да потсетиме, во последните четири средби гостите ниту еднаш не постигнаа повеќе од 76 поени.

„Советскиот класик“ меѓу Жалгирис и ЦСКА би морал да му припадне на великанот од Москва по сите параметри, без оглед на навестувањата дека литванскиот ривал се враќа во живот. Панатинаикос од неодамна остана без Немања Недовиќ поради повреда, па затоа треба повеќе да се разгледа потенцијален „брејк“ на Алба.