Шкупи суспендиран од федерацијата заради долг од 590.000 денари

Екипата на Шкупи нема да продолжи да се натпреварува во шампионатот на Македонија заради суспензија која ја доби од Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ).

Информацијата ја објавија од клубот, од каде истакнаа дека КФМ доделила суспензија на чаирчани заради неплатени 590.000 денари кон „куќата на кошарката“.

Затоа, Шкупи нема да биде дел од Првата македонска лига - мажи на Македонија, а дали ќе остане дел и од останатите лиги, останува да видиме. Чаирчани не беа ждребувани за првото коло, а до последен момент немале доставено и листа на тим со кој ќе се натпреваруваат.

Тимот на Шкупи има претставник и во женската лига на Македонија.