Шкупи е нов кошаркарски прволигаш, се чека уште на Пелистер

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) за наредната сезона ја прошири Првата лига на 12 екипи, а еден од новајлиите во првенството е тимот на Шкупи.

Екипата предводена од Енвер Мифтари ги плати потребните 5.000 евра за учество во елитата и веќе почна да ја склопува екипата за дебитантскиот настап во најквалитетното македонско кошаркарско првенство.

Постои монжост своите домашни натпревари Шкупи да ги игра во салата во Чаир, но не е исклучено клубот да биде преместен во друг дел од градот, поради недостатоци на истата за исполнување на услови за прволигашки натпревари.

Интересно е што чаирчани ќе бидат првиот клуб оваа сезона со претставник и во машка и во женска конкуренција. Дванаесеттиот тим во Првата лига се очекува да биде битолски Пелистер, кој треба наскоро да уплати 5.000 евра на сметка на МКФ.