ВИДЕО: „Школска“ акција на Дончиќ, Дурант не знаеше од каде да се брани

Лука

Лука Дончиќ не престанува да импресионира во дресот на Далас Маверикс. И оваа сезона младиот Словенец е лидер на тимот предводен од Рик Карлајл, кој се бори за да осигура место во овогодишниот плеј-оф.

Голема победа кошаркарите од Тексас запишаа на дуелот со фаворизираниот Бруклин Нетс. Дончиќ победнички го напушти паркетот, иако на спротивната страна расположени за игра беа Кевин Дурант и Кајри Ирвинг.

Словенечкиот кошаркар одигра одлична завршница, а при една акција си поигра со Дурант и наиде на комплименти од фановите.

  • Акцијата на Дончиќ против Дурант:

Дончиќ запиша 24 поени, десет скока и подели осум асистенции. Моментално Далас е на петтата позиција на Западот, со идентичен скор како и Лос Анџелес Лејкерс.