Широки го уништи Пелистер, битолчани ги загубија шансите за прогрес во АБА2

Кошаркарите на Пелистер го впишаа и четвртиот пораз во АБА2 лигата, откако загубија од тимот на Широки со конечен резултат 93-73. Овој неуспех на четата на Александар Петровиќ значи дека „зелено-белите“ ги загубија и теоретските шанси за пласман во следната фаза. 

Македонскиот тим започна солидно и имаше само минимална негатива по првите десет минути (24-23), но во втората делница домаќинот заигра во посакуваниот ритам и создаде убедлива разлика до паузата (53-39). 

Во сличен стил започна и второто полувреме, Широки постојано ја зголемуваше предноста, па веќе по 30 минути игра беше јасно дека домаќинот ќе извојува убедлива победа пред своите гледачи. Пелистер имаше проблеми со шутот од далечина, првата тројка ја постигна дури во 26. минута, па веќе беше јасно дека домаќинот на крајот ќе извојува огромна победа со конечни 93-73. 

Најефикасниот играч на натпреварот го даде гостинскиот тим, тоа беше Мајкл Едвардс, кој постигна 20 поени, додека Андрија Бојиќ додаде два помалку. Во победничката екипа 18 поени имаше Дарко Планиниќ. 

Пелистерци во последното коло ќе ја пречекаат екипата на Подгорица, која е во добра позиција за пласман во следната фаза од регионалното натпреварување.