Шесто ново име во Фенер: Американецот Едвардс се сели во Истанбул

Американскиот кошаркар Карсен Едвардс потпиша едногодишен договор со Фенербахче, соопшти турскиот клуб. 24-годишниот Едвардс игра на позицијата плејмејкер. Во својата досегашна кариера настапуваше за Бостон и Детроит во НБА лигата, додека во развојната лига настапуваше за Мејн и Солт Лејк Сити.

Едвардс минатата сезона беше петти водечки стрелец во развојната лига со просек од 23,3 поени, 4,1 асистенции, 2,8 скока и 1,5 украдени топки. Во 2017 година, тој го освои Светскиот Куп до 19 години со младинската репрезентација на Соединетите Американски Држави.

Тој е шестото засилување на Фенербахче во летниот преоден рок по Тонје Џекири, Скоти Вилбекин, Џонатан Мотли, Самет Гејиќ и Најџел Хејс-Дејвис.