„Шестка“ на Војдан во убедливиот триумф на Данкерк

Екипата на Данкерк во францускиот шампионат со Војдан како стартер го запр Ле ман, откако славеше убедливо (91-77), петти пат оваа сезона.

По лошото прво полувреме во кое заостануваа осум поени (38-46), домашните кошаркари експлодираа во третата четвртина. Ја добија повеќе од убедливо (30-8) за комплетен играчки и резултатски пресврт. На крајот тоа го претворија и во голема победа (91-77).

На првиот меч по репрезентативните активности со нашиот национален тим, Војдан Стојановски доби многу поголем простор за игра. За 22 минути, нашиот капитен како стартер реализира шест поени (3/5 за два поени), но имаше и четири асистенции и еден скок.

По 11.одиграни натпревари екипата од Данкерк сега е на ефект од пет победи и шест порази, доволна за десеттото место во најквалитетната француска лига.