Шест од шест за Берое, Блокотехна без сила во Стара Загора

Македонскиот претставник во БИБЛ-лигата, екипата на Блокотехна, не успеа да направи подвиг и на гостувањето во Стара Загора кај Берое загуби со 81-91.

Гевгеличани имаа напорен распоред, затоа што пред некој ден играа со МЗТ Скопје, а сега ги очекуваше тешка средба во БИБЛ-лигата. Македонскиот тим беше конкурентен само во првиот период, а потоа го стигна заморот и запиша втор пораз во регионалното натпреварување.

Одлични кај Берое беа Когинс и Стојанов со по 18 поени, додека кај Блокотехна најмногу се истакнаа Пен со 22 поени, а Мијатовиќ реализира 19 поени. Одличен беше и Гаидис, кој заврши со „дабл-дабл“ учинок од 17 поени и 10 скока.

Блокотехна во наредното коло од регионалното натпреварување ќе игра на домашен терен, а за противник ќе ја има казахстанската екипа Барси Атирау.