• Иван Димовски
Кошаркарите на Турција се пласираа во четвртфиналето на Евробаскетот, откако ја совладаа Шведска во драматичен натпревар (85-79).
Двете селекции имаа свои моменти, подобро во натпреварот влегоа Швеѓаните и водеа во текот на целата прва четвртина. Само двапати Турција се враќаше до егал, но главно бркаше негатива. На полувреме се замина со предност на Шведска од 37-42.
На стартот на продолжението Швеѓаните поведоа со седум разлика (37-44), но тогаш следуваше серија на ривалот од 14-0. Со тоа Турција го презеде приматот и во третиот период поведе со највисоки 61-50. Шведска успеа да се врати во последната четвртина и двапати стигна до егал. Откако беше 76-76 турските кошаркари врзаа шест поени во низа, а иако противникот намали на „минус три“, немаше сили за кам-бек.
Во последните минути Турците реализираа две слободни фрлања и тројка за крај и победа од 85-79.
Алперен Шенгун забележа „дабл-дабл“ ефект со 24 поени и 16 скока, додека Чеди Осман го заврши мечот со 17 поени. Во шведскиот табор се истакнаа Хакасон со 16, а по 15 поени уфрлија Гадефорс и Ларсон.


