Шекил: Во моето време Јокиќ не би имал толку значајна улога на паркетот!

Поранешната НБА ѕвезда, Шекил О'Нил, даде интересна изјава поврзана со веројатно најдобриот кошаркар на денешницата, Никола Јокиќ

Не е првпат Шекил да изнесува разни мислења за српскиот ас, а сега рече дека во негово време Јокиќ не би имал толку значајна улога на паркетот, затоа што смета дека не е толку добар во дефанзивните задачи. 

„Јокиќ има проблем да го брани рекетот. Знае да игра одбрана, но во дуелите „еден на еден“ мислам дека може многу да напредува. Да играв сега јас, директно ќе го напаѓав во рекетот, а тоа значи дека ќе заработи повеќе лични грешки. Во мое време немаше долго да биде на паркетот, особено ако игра против најквалитетните центри“, рече О'Нил. 

Без оглед на коментарите на популарниот Шек, Јокиќ важи за најдобар играч во НБА лигата, а минатата сезона имаше просек од 29 поени, 12,8 скокови и 9,8 асистенции.