• Саше Љолес
Легендата на НБА лигата, Шекил О'Нил, ја критикуваше изјавата на Виктор Вембањама по вториот пораз од Сан Антонио Спарс во финалната серија против Њујорк Никс.
Вембањама по натпреварот ја презеде одговорноста за изгубената топка во самиот финиш и призна дека долго ќе жали за грешката што им овозможи на Никс да стигнат до победа и водство од 2-0 во серијата.
Сепак, О'Нил смета дека таквиот настап пред медиумите не е соодветен за лидер на екипата.
„Не ми се допадна неговата изјава. Пред сè, како лидер не смееш да кажеш дека работите ти биле замаглени. Да играв за Никс, би го нападнал психолошки во следниот натпревар. Звучи како да е вознемирен, а тоа не смее да си го дозволи“, изјави О'Нил.
Четирикратниот НБА шампион додаде дека младата ѕвезда на Спарс мора да покаже поинаков карактер кога тимот се наоѓа во најтешкиот период од сезоната.
„Знам дека губите со 2-0, но како најголема ѕвезда на тимот мораш да истапиш и да поведеш напред, а не да даваш лузерски изјави“, порача О'Нил.
Во вториот натпревар од финалето, Вембањама постигна 29 поени, но токму неговата изгубена топка на 12 секунди до крајот при резултат 104-104 му овозможи на Њујорк да ги постигне решавачките поени за победа.
Серијата сега се сели во Њујорк, каде што Никс ќе имаат можност да направат голем чекор кон шампионската титула, додека од Вембањама се очекува да одговори на критиките и да покаже зошто многумина го сметаат за идно заштитно лице на франшизата и лигата.

