• Саше Љолес
Кошаркарот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин, официјално е избран за најкорисен играч (МВП) на 29. коло во Евролигата.
Американецот со турски пасош го предводеше тимот до победата над Баерн Минхен (97-92), забележувајќи учинок од 25 поени, четири скока, четири асистенции и три украдени топки.
Неговиот севкупен број на индексни поени изнесува 33, а ова признание му е вкупно осумнаесетто во кариерата, што претставува рекорд во елитното натпреварување.
Зад него ова коло се најдоа Кевин Пантер од Барселона (29 индексни поени) и искусниот Нандо Де Коло од Асвел со 27 индексни поени.