Шејн Ларкин ја заврши репрезентативната кариера со Турција

Американскиот кошаркар со турски пасош, Шејн Ларкин, официјално објави дека става крај на својата репрезентативна кариера. Плејмејкерот на Анадолу Ефес пред седум години доби турско државјанство и од тогаш беше едно од најпрепознатливите имиња во националниот состав.

Турција е мој втор дом и сум горд што го носев овој репрезентативен дрес. Благодарен сум на сите кои ме прифатија и ми дадоа доверба,“ изјави Ларкин.

Тој остави длабока трага во турската селекција и беше еден од клучните играчи на штотуку завршеното Европско првенство, каде што Турција стигна до големото финале. Иако Ларкин посакуваше злато, се простува со сребрен медал, историски успех за турската кошарка.