• Саше Љолес
Оклахома Сити Тандер го возврати ударот и успеа да ја израмни финалната серија во НБА лигата (2-2). Најголема заслуга за победата оди кај маестралниот Шеј Гилџес-Александер, кој оствари еден историски подвиг на четвртиот натпревар и влезе во аналите на најсилната светска лига.
Ѕвездата на Оклахома блесна во најважниот момент и постигна дури 15 поени во последните пет минути, што е најдобар учинок во финалето од 1971 година! Исто така, Александаер постигна дури 35 поени, но не забележа ниту една асистенција, остварување кое не е видено од далечната 1947 година.
Оклахома ја сели серијата на свој терен и ќе има голема шанса да дојде до водство од 3-2, со што ќе се доближи на само чекор од посакуваната шампионска титула.
ФОТО/PHOTO: Oklahoma City Thunder