• Саше Љолес
Регионалните медиуми пишуваат дека етапата на Дарио Шариќ во тимот на Денвер Нагетс е завршена и тој наскоро ќе се врати на стариот континент.
Хрватскиот репрезентативец сезонава требаше да биде замена за Никола Јокиќ, но тој одигра само 15 натпревари, а во ротацијата пред него влезе дури и 36-годишниот ДеАндре Џордан. Сите овие знаци беа доволни дека треба да ја раскине соработката со НБА франшизата, а за неговите услуги најзаинтересиран е амбициозниот тим на Дубаи, кој се натпреварува во јадранското друштво.
Според неколку извори, Шариќ веќе ги договорил личните детали со Дубаи и наскоро се очекуваат повеќе информации околу времетраењето на договорот и неговата заработка. Тимот од Обединетите Арапски Емирати сезонава првпат „плови“ на Јадранот и досега забележа учинок од 19 победи и пет порази. Уште повеќе изненадува оваа одлука, ако се знае дека за Шариќ заинтгересиран беше и Реал Мадрид.
Шариќ ја започна кариерата во тимот на Зрињевац, а потоа играше за Загреб, Цибона, Анадолу Ефес и неколку НБА тимови (Филаделфија, Минесота, Феникс, Оклахома и Голден Стејт).