ВИДЕО: Шампионско издание на Бостон, Едвардс енигма за Голден Стејт

Екипата на Бостон Селтикс забележа победа на гостински терен над Њујорк Никс со 115-93 и така ја анамали негативата на 2-1 во полуфиналната серија на Истокот.

По два шокантни порази на домашен терен, Бостон Селтикс возвратија и на убедлив начин покажаа зошто се главни кандидати за првото место на Истокот. Во преполниот „Медисон Сквер Гарден“, тимот на Џо Мазула ги победи Никси и го намали водството на ривалот во серијата.

Гостите од Бостон ја презедоа контролата од првата минута и не ја испуштија. Во средината на третата четвртина, тие водеа со огромни +31, што беше јасен знак дека нема да има чуда. За разлика од претходните два натпревари, кога Никси успеваа да ги надминат големите дефицити, овој пат немаше сила да ги свртат работите.

Селтикси доминираа во сите сегменти од играта, а најефикасен беше Пејтон Причард со 23 поени. Џејсон Тејтум конечно се разбуди и додаде 22 поени. На другата страна, Џејлен Брансон повторно беше најдобриот поединечен играч на Никс со 27 поени, а Карл-Ентони Таунс забележа дабл-дабл учинок - 21 поен и 15 скока.

Екипата на Минесота Тимбербулвс одигра израмнет меч со Голден Стејт Вориорс, ама на крајот успеа да слави со 102-97 за водство од 2-1 во серијата. Енигма за „воините“ кои беа без Стеф Кари кој е повреден беше Ентони Едвардс, кој заврши со 36 поени, четири скока и четири асистенции. Кај Голден Стејт, се истакнаа Батлер со 33 и Куминга со 30 поени.