ВИДЕО: Шампионот загуби од Феникс, Јокиќ со „трипл-дабл“ до победа над Бакси

Кошаркарите на Фенкс Санс го искористија отсуството на Ентони Дејвис и победија во „Стејлпс Центар“ кај Лос Анџелес Лејкерси со 114-104, со што го минаа ривалот од Калифорнија на табелата во западната конференција. Санси наметнаа свое темпо уште од стартот, па со добра и сигурна партија победија кај шампионот. 

  • Лос Анџелес Лејкерс - Феникс Санс: 

Уште на стартот, гостите од Феникс отворија подобро и водеа, но Лејкерси не се откажаа и одржуваа пристојна негатива. Иако предноста порасна на двоцифрена, домаќинот во вториот период стигна во неколку наврати да води, ама Санси заминаа со позитива на полувреме (60-53). До крајот на мечот се играше изедначено, а највисоката предност Феникс ја направи во финишот со неколку мини-серии. 

Иако „кралот“ Леброн Џејмс собра 38 поени, немаше поддршка. Кај Феникс најефикасен беше Шариќ со 21, пред Бриџс со 19, а по 17 имаа Ајтон и Девон Букер, колку што имаше и Шрудер од Лејкерси. 

  • Денвер Нагетс - Милвоки Бакс: 

Никола Јокиќ со нов „трипл-дабл“ ги водеше Нагетси до победа кај Милвоки Бакс од 128-97. Србинот со нова одлична партија во која запиша 37 поени, десет скокови и 11 асистенции, помогнат од Мареј кој имаше 24 поени, беше поуспешен од Антетокумбо. Овој дебакл за Бакси доаѓа по серијата од пет победи, па зачудувачки е како доживеаја толку тежок пораз од Денвер.

  • Бостон Селтикс - Лос Анџелес Клиперс: 

На останатите терени Бостон во неизвесен меч ги доби Клиперси (117-112), Мемфис беше подобар од Вашингтон (111-125), Атланта слави кај Мајами (94-80) и Сан Антонио Спарс победија против Њујорк Никс (119-93).