• Иван Димовски
Кошаркарите на Бостон Селтикс славеа дома против Феникс Санс со 123-103 во НБА лигата.
Шампионот успеа да испише нов рекорд на лигата во овој триумф. Селтикси погодија 14 тројки против Санси, а со тоа станаа апсолутни рекордери.
Бостон уште во првиот дел ја постигна 1.364 тројка со која го надмина досегашниот рекорд на Голден Стејт Вориорс од сезоната 2023/24. Потоа во текот на мечот домашните стигнаа до бројката од 1.370 погодени шутеви за три поени во регуларната сезона, па до крајот ќе го надополнат овој рекорд.
The shot that made HISTORY pic.twitter.com/dqYhGw4b1y
— Boston Celtics (@celtics) April 5, 2025
Селтикси се наоѓаат на второто место на Истокот и веќе се сигурни патници директно во плеј-офот.