• Мартин Танасковски
Панатинаикос ја освои Евролигата со победа над Реал Мадрид во финалето, а следната сезона има амбиции да го одбрани европскиот трофеј.
Сопственикот на тимот Димитрис Јанакопулос веќе најави дека сака да го задржи ПАО на кровот на европската кошарка и за следната сезона во шампионскиот тим ги донесе Џеди Осман и Омер Јуртсевен. Минатата сезона тимот го доведе Кендрик Нан при крајот на преодниот рок, а сега го донесе дуото од НБА.
Според грчките медиуми, вкупниот буџет на Панатинаикос во кој се вклучени тимот, тренерите, персоналот и сите оперативни трошоци (патување, плати, опрема и сл.) надминува 35 милиони евра, додека само првата фаза од работата на салата ОАКА ќе чини дополнителни 15 милиони евра .
Првичната проценка за салата беше 14,7 милиони, но непредвидените трошоци ја зголемија вкупната сума на пари.