Шампионот рано ја покажа силата и извојува убедлив триумф над Ангели

Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје, без поголеми проблеми го совлада тимот на Ангели и славеше триумф со конечни 95-74 во натпреварот од четиринаесеттото суперлигашко коло. 

  • Комплетниот натпревар помеѓу МЗТ Скопје и Ангели: 

Аеродромци ја покажаа силата уште во првата четвртина, кога создадоа предност од 13 поени (32-19), по што веднаш стана јасно дека бодовите остануваат во „Јане Сандански“. На паузата резултатот гласеше 58-39, а остатокот од мечот претставуваше чиста рутина. 

Немаа гостите никаков одговор за мотивираните „металци“, па така на крајот мораа да се помират со убедлив пораз (95-74). 

Најефикасен играч во тринаесеттата сезонска победа на МЗТ беше Чарлс Гил со 22 поени, а на спротивната страна 18 поени запиша Рубин Стефанов. Во следното коло аеродромци ќе го пречекаат Гостивар, додека Ангели на домашен терен се среќаваат со екипата на Куманово