• Зоран Мишевски
Кошаркарките на Крива Паланка му го нанесоа првиот пораз на актуелниот шампион во женската кошаркарска Прва лига, екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица..Тие максимално го искористија отсуството на една од најдобрите кошаркарки на екипата од Македонска Каменица, Ивана Кметовска, и стигнаа до голема победа од 70-54.
Робинсон запиша 22 поени, Алексовска имаше 17, а Меклејни уште 16 поени кај Крива Паланка. Димова постига 17, Дојчинова дојде до 14, а Адамовска даде 9 поени за Баскет Кам 2011.
Екипата на ЖКК Вардар стигна до убедлива победа од 69:51 во дуелот против екипата на МЗТ Скопје Аеродром. Репрезентативката Илина Селцова со 25 поени го предводеше својот тим до успехот, втор во сезоната.
Кошаркарките на Бадел 1862 реализираа убедлива победа на гостувањето во Кавадарци, каде беа многу подобри од домашниот Пробаскет (45-80).
Прва А лига (ж)
Петто коло:
Крива Паланка – Баскет кам 2011 70-54
Пробаскет – Бадел 1862 45-80
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром 69-51
Прва Б лига (ж)
Петто коло:
Охрид – Пониква 2022 20-0 службен резултат
Гостивар 2009 – Јан Бор 48-30
Риниа - Струга 2009 69-50
Спорт тим – Шкупи 81-39