ВИДЕО: Шампионот преку Детроит до дваесетта победа во сезоната

Во скромната НБА програма во ноќта зад нас шампионот Бостон триумфира дома против Детроит (123-99). До оваа победа Селтикси ги водеше расположениот Пејтон Причард кој комбинира „дабл-дабл“ ефект од 27 поени и 10 асистенции, а одличен беше и Дерик Вајт со 23 поени. Кај гостинската екипа со 26 се истакна Рон Холанд. 

  • Бостон Селтикс - Детроит Пистонс:

Мајами Хит го одбрани домашниот паркет и слави против Торонто Рапторс со 114-104. Натпреварот во Флорида заврши со славје на домаќинот, а во него се истакнаа Тајлер Хиро со 23 поени, како и Бем Адебајо со силен двоен ефект од 21 поен и 16 скока. Во таборот на Торонто најдобар беше Дик со 22 поени.

  • Мајами Хит - Торонто Рапторс:

Минимален гостински триумф забележа и Сакраменто на теренот на Њу Орлеанс Пеликанс (109-111). Домантас Сабонис одигра моќно во два правци, уфрли 32 поени и фати дури 20 скока засенувајќи го Меколум кој за домаќините забележа 36 поени. 

  • Њу Орлеанс Пеликанс - Сакраменто Кингс:

Веќе од ноќта меѓу петок и сабота се враќа полна НБА програма која беше на пауза поради натпреварите од Купот.

Најнови вести од
НБА, САД