ВИДЕО: Шампионот пак загуби во Тексас кај Далас, Минесота го изненади лидерот Јута

Далас Маверикс ја запиша и втората победа во низа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат од 108-93. Гостувањето на екипата од Калифорнија во Тексас заврши со два порази и покрај враќањето на Ентони Дејвис во тимот. По скромниот перформанс во првиот меч, ноќва Дејвис собра 17 поени за 28 минути на теренот, што беше недоволно за триумф на Лејкерси и покрај тоа што Финли-Смит запиша 21, а Меклемор 20 поени. Кај Далас се истакна Пауел со 25 поени и девет скока, додека Лука Дончиќ уфрли 18 поени и запиша 13 асистенции, со осум скокови. „Дабл-дабл“ запиша и Денис Шродер од Лејкерс со 16 поени и 10 скокови. 

  • Далас Маверикс - Лос Анџелес Лејкерс: 

Вистинско изненадување беше победата на Минесота Тимберволвс во Солт Лејк Сити кај Јута Џез од 96-101. Лидерот на западот важеше за апсолутен фаворит, испушти предност од 17 поени во првиот дел и загуби во тесен финиш. Богдан Богдановиќ ги предводеше поентерите со 30 поени на своето конто, додека највисок индекс на корисност имаше Карл Ентони Таунс со 24 поени и 12 скокови, а одлична партија имаа и Едвардс и Расел со по 23. 

Денвер Нагетс се вратија на победите и по поразот од Голден Стејт, дома го средија Хјустон (129-116). Гостите во Колорадо беа рамноправен ривал само на стартот, а потоа Нагетси се одлепија и убедливо победија. Неверојатна партија имаше Портер од Денвер со 39 поени, додека го следеше Вилсон од Хјустон со 25 поени. Еден поен помалку уфрли Никола Јокиќ, а на тоа надоврза 12 асистенции и осум скокови. 

  • Денвер Нагетс - Хјустон Рокетс: 

На останатите терени, домашни славја запишаа Индијана над Детроит (115-109) и Мајами со Чикаго (106-101), додека на гости слави Сан Антонио кај Њу Орлеанс (108-110).