• Иван Димовски
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер славеа на гостувањето кај Њујорк Никс (100-103) во НБА лигата. Шампионот ја доби драмата во Њујорк по голема борба. Во првиот дел Оклахома беше подобар ривал и стекна предност, меѓутоа во продолжението Никси отворија перфектно. На крајот повеќе нерви имаа гостите кои стигнаа до победата.
- Њујорк Никс - Оклахома Сити Тандер:
Се покажа дека Оклахома не е само Шеј Гилџус Александер кој мечот го заврши со 26 поени, а лидер на теренот беше Чет Холмгрен со 28. Кај Никси се истакна Карл Ентони Таунс со 17 поени и 17 скока.
На останатите терени Шарлот го декласира Бостон (89-118), Филаделфија беше подобра од Јута (106-102), Портланд слави во Мемфис (114-122), Атланта го доби Милвоки (113-131) и Клиперси дома беа убедливи против Индијана (130-107).







