Шампионот на Франција во правна битка за „опстанок“ во елитното друштво

Кошаркарскиот клуб Монако ја продолжува правната битка за настап во француската елита следната сезона. Откако жалбата беше одбиена од Француската кошаркарска федерација, клубот случајот го достави до Националниот олимписки и спортски комитет на Франција (CNOSF).

Проблемите започнаа кога финансиското контролно тело не издаде лиценца поради недоволни гаранции за финансиската стабилност и нејаснотии околу промената на сопственичката структура.

Во меѓувреме, Монако остана и без место во Евролигата, па следната сезона ќе настапува во Еврокупот.

Од клубот порачаа дека ќе ги искористат сите правни механизми за да ја оспорат одлуката и да обезбедат враќање во француското првенство. Монако минатата сезона ја освои шампионската титула, но веднаш потоа се соочи со огромни проблеми и предизвици, а тимот веќе го напуштија неколку важни играчи и ѕвезди.