Шампионот на АБА2 лигата го откажа учеството во елитното јадранско друштво!

Управата на освојувачот на АБА2 лигата, Босна, објави дека клубот официјално се откажува од учеството во јадранската елита поради долгови и финансиски проблеми. 

Екипата доби можност за директно учество во АБА, но проблемите се наталожуваат, а клубот воедно има и големи проблеми со салата во која настапува. Буџетот за следната сезона ќе биде драстично намален, така што, одлуката е веројатно сосема логична. 

Челниците на АБА лигата ќе мораат да изнајдат решение и ова место веројатно ќе го заземе друг клуб. Дали одлуката на КК Босна може да донесе некаква корист за нашите екипи, останува да видиме.