• Саше Љолес

Екипата на МЗТ Скопје го задржа максималниот старт на сезоната во Суперлигата, откако славеше победа над ТФТ Скопје со 70-66 во натпреварот од третото коло.
„Металците“ одиграа одлична прва четвртина, по која имаа залиха од дури 15 поени, шок од кој гостите од Тафталиџе не успеаја да се вратат до крајот. На паузата резултатот гласеше 41-28.
- Комплетниот натпревар помеѓу МЗТ Скопје и ТФТ Скопје:
Избраниците на Боро Смилковски се обидоа со сите сили да се вратат во мечот, одиграа израмнета трета делница, а во последниот период надоместија уште девет поени негатива, но недоволно за целосен „кам-бек“.
На крајот, МЗТ успеа да го заокружи третиот триумф во исто толку натпревари, а најдобар поединец на мечот беше Секој Сила од ТФТ со 19 поени. Димитрије Николиќ постигна 15 поени кај МЗТ Скопје.
Во следното коло актуелниот шампион се среќава со Струмица, додека ТФТ Скопје ќе го нагости тимот на Штип.








