Шампионот Милвоки во проблеми, Мидлтон ја пропуштa серијата против Бостон

Крис

Крис Мидлтон нема да биде дел од Милвоки Бакс во наредниот период, пишуваат американските медиуми.

Тоа значи дека еден од најдобрите поентери на актуелниот НБА шампион нема да се појави на теренот на натпреварите против Бостон Селтикс. Бранителот на тронот ќе има тешка задача, со оглед на тоа што противникот одигра без грешка во првото коло и со „метла“ го исфрли Бруклин Нетс.

Лигаментите во левото колено му направија проблем на одличниот шутер и во претходната серија против Чикаго, која Бакси ја добија со 4-1. Меѓутоа сега работата е посериозна, бидејќи следува дуел со сосема различна екипа, која прикажа феноменална игра во одбрана на стартот од доигрувањето.

Првиот натпревар меѓу Бостон и Милвоки се игра в недела во 19:00 часот.