ВИДЕО: Шампионот го „сомле“ Голден Стејт, Јанис го доби дуелот со Каваи

Леброн ЛА

Кам-бекот на Денис Шрудер донесе подобра форма на Лос Анџелес Лејкерс кој на домашен терен го декласира Голден Стејт (117-91). Тимот на Френк Вогел имаше можност да одмори многу играчи, кои одиграа солидна минутажа, а мечот беше одлучан уште по првиот дел.Леброн Џејмс со 19 поени беше прво име на паркетот во „Стејплс Центар“.

Големото дерби меѓу Милвоки и Лос Анџелес Клиперс им припадна на Бакси (105-100). Клучни поени во завршницата постигна Јанис Антетокумбо. Тој го водеше својот тим кон нов домашен триумф, овојпат против кандидат за титулата во тековната сезона. 36 поени и 14 скока е учинокот со кој Гркот го заврши натпреварот.

Одлична вечер имаше Девин Букер кој во триумфот на Феникс кај Минесота (99-118) броеше до 43 поени. 

Најубедлив беше Мемфис кој си поигра со Хјустон на гостински терен (84-133). Домашните кошаркари немаа поддршка од неколку стандардни првотимци, па доживеаја срамен пораз на свој терен.

Малик Монк со звукот на сирената го сруши Сакраменти и го израдува Шарлот (126-127), Мајами беше сигурен против Атланта (109-99), Бостон го доби неизвесниот финиш со Вашингтон (111-110) и покрај фантастичниот Бредли Бил (46), а Њујорк продолжи со добрите игри и го освои Детроит (90-109).