ВИДЕО: Шампионот е „жив“, Реал го загуби трилерот кај Ефес

Реал Мадрид допатува во Истанбул како второпласиран тим на евролигашката табела, но Анадолу Ефес одигра одличен меч и славеше пред своите фанови, минимално над фаворитот во овој дуел (90-89). 

  • Извештај од натпреварот: 

Четири сосема различни четвртини се одиграа на овој меч, а по две им припаднаа на двете екипи. Ефес ја доби третата четвртина со резултат 35-21, но Реал Мадрид одговори феноменално во последниот период и го доби со 16 поени разлика, но и тоа не беше доволно за „кралевите“ да заминат со целиот плен од исклучително тешкото гостување во Турција. 

Шејн Ларкин беше најефикасен играч на мечот и постигна 18 поени, а во чекор го следеше Елајџа Брајант кој надополни уште седумнаесет. Кај Реал Мадрид одличен меч одигра Џанан Муса кој постигна 16 поени, уште петнаесет уфрли Аргентинецот Габриел Дек, додека ветеранот Серхио Родригез запиша 14 поени зад своето име. 

Во таборот на актуелниот европски шампион се врати Василије Мициќ кој одигра нешто помалку од 20 минути и постигна 10 поени. 

Анадолу Ефес сега е на десеттото место во Евролигата, додека Реал Мадрид останува на второто место и ќе биде во трка за пол-позицијата пред почетокот на главната фаза. Следното коло од елитното натпреварување ќе се одигра веќе в четврток. Анадолу Ефес ќе го пречека тимот на белградски Партизан, додека Реал Мадрид ќе ја нагости екипата на Милано.