ВИДЕО: Шампионот е „жив“, Лејкерси без Леброн и Дејвис го средија Бруклин!

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс убедливо славеа на гостувањето кај Бруклин со 126-101. Шампионот на НБА лигата покажа дека е „жив“, победи и покрај отсуството на првите ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис против најзасилениот тим во изминатиот трејд период. 

  • Бруклин Нетс - Лос Анџелес Лејкерс: 

Уште од стартот Лејкерси наметнаа темпо, поведоа со 11-2 и најавија дека се дојдени по славје. Иако Нетси се вратија до паузата, стигнаа до егал и кратко поведоа, по полувремето следеше одлична серија на шампионот. До крајот на средбата предноста порасна на преку дваесет поени, за убедлива победа на Лејкерси. 

Најефикасен играч на натпреварот беше Кевин Дурант со 22 поени, додека Андре Драмонд собра 20 поени и 11 скокови, а Шрудер и Ирвинг ги следеа. 

  • Портланд Треил Блејзерс - Детроит Пистонс: 

На останатите терени, домашни победи запишаа Голден Стејт со Хјустон (125-109), Портланд против Детроит (118-103), Јута слави со Сакраменто (128-112) и Феникс со Вашингтон (134-106). На гостински паркет се радуваа Торонто против Кливленд (115-135) и Филаделфија кај Оклахома (93-117). 

  • Голден Стејт Вориорс - Хјустон Рокетс: