Шампионот без Синовец, Работнички без Илиевски во Купот на Македонија

Стефан Синовец и Владо Илиевски, кошаркарите кои ги бранат боите на МЗТ Скопје и Работнички, нема да може да бидат дел од Купот на Македонија кој овој викенд се игра во Кавадарци.

Синовец не настапи за македонскиот шампион на последниот меч од АБА-лигата, а повредата на мускулот не е полесна и тој нема да биде во комбинација за настап. Илиевски, пак, има повреда на рамото, со која се здоби на мечот против Кожув во Суперлигата пред две кола.

Стефан Синовец покрај во Купот на Македонија нема да може да му помогне на МЗТ Скопје и во дуелот против ФМП од АБА-лигата наредната недела.

МЗТ Скопје одбраната на куп-трофејот ја започнува против Кожув (17 февруари, 20.30 часот), а со евентуална победа во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Фени Индустри и АВ Охрид. Работнички, пак, е на мегдан со Куманово (17 февруари, 18.00 часот).