ФОТО: Шампионите и Општина Аеродром ветија големи работи и следната сезона

По освојувањето на деветтата титула на КК МЗТ Скопје, утрово шампионите остварија средба со првите луѓе на Општина Аеродром.

„Уште еднаш им честитав за освоената титула и за храбрата сезона која ја оставија зад нив исполнета со многу предизвици, а крунисана со титула во домашното првенство. Заедно со извршниот директор Филип Ѓоревски, тренерот Ацо Петровиќ и капитенот Дамјан Стојановски имавме продуктивен разговор и зборувавме за нашите идни потези следната сезона на МЗТ како дел од АБА лигата.

Нè очекува возбудлива следна сезона, а Општина Аеродром ќе продолжи безрезервно да ги поддржува нашите кошаркари“, рече градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Мицунски. 

Единствениот трофеј кој оваа сезона не го освоија „штрковите“ е трофејот од националниот Куп, кој заврши кај ТФТ Скопје, откако во финалето извојуваа победа против шампионот.