Сферопулос пропадна, Ласо пред промоција во Анадолу Ефес

Турскиот гигант Анадолу Ефес ќе се обиде да го ангажира на клупата Пабло Ласо, откако преговорите со Јанис Сферопулос не се одвиваат според планираното.

Според турските медиумите, грчкиот тренер поставил услов да има промени во спортскиот дел но, засега нема најава дека тој ќе биде ангажиран. Пабло Ласо кој има бројни трофеи освоени со екипата на Реал Мадрид, може изненaдувачки да се пресели во турската кошарка.

Пред неколку недели српскиот стручњак Кокошков заработи отказ и „пиварите“ веќе извесен период се без перманентен тренер на клупата.