• Зоран Мишевски
Тренерот на Црвена Звезда, Јанис Сферопулос, по поразот од Баерн Минхен во плеј-инот со 97-93, беше многу незадоволен од судењето, особено во финишот од регуларните 40 минути.
Грчкиот тренер во последниот напад ја апострофираше одлуката да не се досуди лична грешка во напад, па беше досуден прекршок за Петрушев, а подоцна Едвардс погоди две слободни фрлања.
„Првпат ќе ги коментирам судиите. Немам почит за нив вечерва. Во вториот дел немаа изедначен критериум. И на 82-82 не беше досудена лична грешка во напад на Букер и наместо тоа Баерн доби слободни фрлања. Во првото полувреме игравме добро, третата четвртина беше лоша, но не можам да кажам ништо лошо, бидејќи четвртата ја одигравме одлично. Да бевме совршени - не бевме, но да беа условите еднакви за двете екипи - ќе победевме.
Од една страна задоволни сме што направивме исчекор и се пласиравме во плеј-инот, а од друга огорчени сме затоа што чувствуваме дека можевме повеќе. Ова е ветувачка сезона за нас за во иднина и мораме да се подобриме за следната сезона. На крајот, би сакал да им се заблагодарам на навивачите. Имавме полна сала дома и сериозен контингент на гостински навивачи. Останува само да се свртиме кон домашните натпреварувања и сите мисли сега се префрлаат кон АБА лигата“, изјави Сферопулос.
Србија остана без претставник во Евролигата сезонава, бидејќи Партизан заврши на дванаесеттото место и не се пласира за елиминационата фаза.