• Иван Димовски
Големо засилување заврши турскиот тим Анадолу Ефес за следната сезона.
Двократниот европски првак се пофали со потписот на Винсен Порие кој доаѓа од редовите на Реал Мадрид. Французинот парафира договор со турскиот тим на три сезони, а во Истанбул доаѓа како огромно засилување за тимот.
Во својата кариера Порие пред Реал Мадрид имаше авантура во НБА. Во најсилната лига на светот 30-годишникот настапуваше за Филаделфија и Бостон, а претходно беше дел од Басконија и Метрополитан.
Во минатата сезона Винсен Порие бележеше просек од девет поени, 5,3 скока и 0,6 асистенции по натпревар.