Сензационални вести за Србија: Со МВП-то од НБА на ЛОИ во Париз!

По одличниот настап на Светското првенство, за Србија предизвик ќе бидат Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Париз во 2024 година, а кошаркарската селекција ќе има ептен големо засилување.

МВП-то од НБА-лигата, Никола Јокиќ, се враќа во репрезентацијата, вест која одекна како сензација кај соседите затоа што тој не настапи на минатиот шампионат, а сите со нетрпение го очекуваа во тимот на Пешиќ.

Веста ја потврди Божидар Маљковиќ, претседателот на Српскиот олимписки комитет во интервју за шпански „АС“. Србија така ќе има сериозен тим, затоа што најавени се и настапи на Никола Калиниќ и Василије Мициќ.

Јокиќ е двократен МВП во НБА-лигата, тоа му успеа во 2021 и 2022 година, ама за Србија има настап само на две големи натпреварувања.