• Зоран Мишевски
Кошаркарот на турската репрезентација роден во Охрид, Чеди Осман официјално се сели во ПАОК, откако солунскиот клуб договори сензационален трансфер вреден неколку милиони евра. Трансферот на 31-годишниот кошаркар претставува едно од најголемите изненадувања во европската кошарка.
Осман потпиша тригодишен договор вреден девет милиони евра нето (по 3 милиони по сезона). ПАОК ќе му плати на Панатинаикос обештетување во износ од два милиони евра. Солунскиот клуб следната сезона ќе се натпреварува во Еврокупот..
Пред овој трансфер, поранешната НБА ѕвезда (мина седум сезони во Кливленд и Сан Антонио) се врати во Европа во 2024 година. Тој имаше одлична последна сезона во дресот на Панатинаикос, каде во Евролигата бележеше просек од 12.9 поени, 3.5 скокови и 1.2 асистенции по натпревар.

