Сензација во Србија: Спартак направи „брејк“ кај Црвена Звезда

Кошаркарите на Спартак приредија сензација и поведоа во полуфиналната серија во финалето на Кошаркарската лига на Србија против Црвена Звезда. Натпреварот во салата „Александар Николиќ“ му припадна на гостинот кој се радуваше до 81-93. 

Уште од стартот Црвена Звезда делуваше немотивирани и анемично. Таквата игра избраниците на Јовановиќ знаеаја да ја казнат. Со добра игра Спартак среде Белград се радува на голема победа. 

Тимот на Спартак в понеделник ќе има шанса пред домашна публика да ја комплетира сензацијата и да го исфрли големиот фаворит. Тоа нема да биде лесно и Црвена Звезда се очекува да се стегне, ама ако ја повтори вчерашната партија ѝ се смешка елиминација. 

Во втората полуфинална серија играат Партизан и ФМП.