Сензација во Каталонија: Валенсија ја „тресна“ Барселона за полуфинале во Купот

Кошаркарите на Валенсија приредија големо изненадување и на гости среде Каталонија го „треснаа“ големиот фаворит Барселона во четвртфиналето од Купот на Кралот. 

Валенсија во полуфиналето се пласира откако славеше сигурна победа над големиот фаворит со 78-82, благодарение на одличните три први четвртини. Барса, иако се очекуваше без многу проблеми да се пласира меѓу четирите најдобри во Купот, во првите три четвртини не можеше да најде решение за разиграните гости, кои си создадоа позитива за мирен финиш.

Во последните десет минути, Каталонците запнаа, заиграа поквалитетно и пострактивно, но не успеаја да ја анулираат негативата и заслужено останаа без борба за Куп-трофејот.

Во второто четвртфинале од вечерашната програма ќе се сретнат Реал Мадрид и Билбао (21:00 часот).