Сензација во Јужна Америка: Светскиот вицешампион нема да игра на Мундобаскетoт!

Кошаркарската репрезентација на Аргентина, актуелниот вицешампион на светот, овој септември нема да игра на Мундобаскетот! „Гаучосите“ водеа со 17 разлика, но на крај загубија од Доминиканската Република со 79-75, во клучниот натпревар од квалификациите.

Јунак на натпреварот беше Јан Монтеро, 19-годишниот кошаркар на Бетис, кој постигна 18 од своите 22 поени во второто полувреме. Покрај него се истакнаа уште и Херардо Суеро со 13 и Андрес Фелис со 11 поени и по 4 скока и асистенции.

Кај Аргентина најефикасен беше Габриел Дек со 27 поени, асот на Црвена Звезда Факундо Кампацо постигна 10 поени, со четири скока и пет асистенции, додека Николас Лапровитола исто така заврши со 10 поени.

Така, Аргентина за првпат ќе пропушти Светско првенство по 1982 година.

Најнови вести од
СП квалификации, Европа