Сензација во Белград: Партизан се врати од -22, но падна пред Игокеа!

Екипата на Партизан доживеа нов шок во АБА-лигата. „Црно-белите“ дома загубија од Игокеа (89-91) и така претрпеа втор тесен пораз во краток временски интервал во регионалното натпреварување по оној против Мега.

Исто како и со Мега, така и овој натпревар АБА-шампионот загуби во последните секунди. Во еден момент од мечот, поточно во третата четвртина, Партизан имаше -22 (54-76), но во последните десет минути се врати, беше 89-89 пред финишот, а во клучниот напад поентираше Муди. Имаше две секунди до крајот по овие поени и Партизан немаше време да поентира.

Најдобри стрелци кај Игокеа беа Танасковиќ и Јеремиќ со по 17 постигнати поени, пред Атиќ со 14 поени, додека кај Партизан, Ледеј имаше 16, а Трифуновиќ 15 поени.

За Партизан ова беше втор пораз во АБА-лигата. Во следното коло тимот гостува кај Цедевита Олимпија. Игокеа е четврта со ист скор како партизановци, а ѝ следи натпревар со Будуќност пред својата публика.

Во претходните денешни натпревари, Црвена Звезда победи на гостински терен кај Задар (81-74), додека Мега беше убедливо подобра од Морнар Бар (99-65).