Селекторот образложи: Зошто Бојан Трајковски не е дел од Македонија?

Бојан Трајковски како капитен ја предводеше Македонија во претквалификациите за Светското првенство (СП), но сега, во главната фаза, кошаркарот на Пелистер не е меѓу повиканите и покрај редовните игри на домашната сцена.

Селекторот Драган Бајиќ ја образложи неговата одлука. Тој истакна дека Трајковски бил максимално ангажиран и посветен во дресот со државниот грб во претходните средби, но, сега е дојдено време за подмладување и тој не е во репрезентацијата поради неговата годишна граница (35 години).

„Денот кога прифатив да станам селектор на Македонија, дојдов со една цел, тоа е да направиме едно подмладување и да им дадеме шанса на младите играчи. Трајковски испочитува што му дадов како задача на претквалификациите и сум му благодарен на тоа. Сега, тој не е на високо ниво и доколку се уште истите играчи добиваат максимални минути на натпревар, кога ќе добијат младите шанса за докажување? Можеби Тео Симиќ, кој седи до мене, со минутите кои ќе ги добие со Шпанија ќе стекне искуство, па во следните настапи за Македонија ќе биде новиот Перо Антиќ. Ако не го направиме тој рез, за помладите играчи како него да добијат шанса, никогаш нема да знаеме“, изјави Бајиќ.

И тоа Бојан Трајковски не е единствен кошаркар од „старата гарда“ кој не е дел од Македонија. Има повеќе играчи кои Бајиќ не ги повика во овој прозорец. Сепак, како што тврди селекторот, тоа е неминовно во државниот тим.