Селекцијата до 14 години ги надигра романските кошаркарски надежи

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 14 години ги израдува нашите фанови. Нашиот машки состав беше подобар од романскиот. Момчињата во „црвено-жолта“ комбинација имаа постојано водство, добра контрола над играта, и посебно на резултатот, што на крајот го валоризираа со победа од 60-40.

Младите македонски кошаркари имаа сосема добар старт на вториот меч на турнирот во Скопје. „отворија“ со предност од 15-10 во првата четвртина, предност која ја одржуваа, но и зголемија избраниците на селекторот Нермин Пепиќ. На полувремето, македонската селекција до 14 години водеше со 29-22. Но, не се задоволивме со таа позитива, до крајот на оваа делница Македонија се одвои на уште поголеми 45-28. А по поените на Љутков и на Јетиши, нашата млада репрезентација имаше и највисоки 49-28. 

Покрај Кермичиев, кој освен 15 поени имаше и пет скока и две асистенции. Јетиши беше и вториот „двоцифрен“ во нашиот тим, реализираше 12 поени, имаше и шест скока, четири освоени топки и три асистенции. Важен момент, особено за стручниот штаб, е податокот кој вели дека дури десет наши кошаркари се запишаа во листата на стрелците.

Согласно со распоредот на натпреварите, утре двете наши селекции имаат слободен ден. Веќе в сабота македонските ќе се сретнат со двете репрезентации на Бугарија, додека пак на затворањето на собирот во Скопје, в недела, наши противници ќе бидат младите кошаркар(к)и од Косово.