• Мартин Танасковски
Женската кошаркаркарска репрезентација на Македонија ја чека нов предизвик во квалификациите за Европското првенство (ЕП). По победата над Данска, наш ривал е фаворитот во групата Грција, дуел кој се игра во Скопје.
Репрезентативката Илина Селцова вели дека сите се мотивирани во националниот тим да се обидат да изненадат со ривалот, иако многумина веќе ги отпишуваат предвреме заради разликата во квалитет со Гркинките.
„После победата со Данска, имаме уште поголема мотивација за она што следува односно натпреварот со Грција. Знаеме сите добро за каква селекција се работи. Но ветувам дека ние ќе дадеме се од себе, и со една максимално пожртвувана игра ќе му се спротивставиме на фаворизираниот ривал. Ако победивме еднаш, зошто да не победиме повторно. Се е можно. И искрено се надевам дека ќе биде така, со максимум од сите оние кои вечерва ќе истрчаат на теренот во “Кале“. Ако ги испратиме до крај инструкциите и договорот за игра на тренерите, би требало да биде ОК. Очекувам и многу поголема поддршка од публиката. Ни треба, особено на вакви натпревари, против многу квалитетни репрезентации каква што пред себе ќе имаме вечерва“, изјави Селцова.
Натпреварот меѓу Македонија и Грција се игра во СРЦ „Кале“ со почеток од 18:00 часот, а влезот за љубителите на кошарката е слободен.



