• Иван Димовски

Секоу Сила е најкорисен играч на првото коло во новата сезона на Суперлигата. Иако ТФТ загуби од Пелистер во Битола (78-70), американскиот кошаркар имаше одлично деби со 31 поен, девет скока и три асистенции, доволно за највисок индекс во рундата од 34.
Зад него се најдоа уште четири кошаркари со индекс 28 или повеќе. Џереми Смит имаше 25 поени, осум асистенции и два скока за Тиквеш, додека Роберт Рикиќ запиша „дабл-дабл“ од 20 поени и 11 скока за Работнички. Стефан Симиќ во дресот на Кожув заврши со 21 поен, девет скока и седум асистенции без загубена топка, а Колин Паркер постигна 26 поени и девет скока за Скопје.
Во најдобрите десет играчи од првото коло место најдоа и Адем Мекиќ, Дамјан Робев, Најџел Бурис, Камрон МекДовел и Камерон Џонс.
Прва петорка на колото: Секоу Сила, Џереми Смит, Роберт Рикиќ, Стефан Симиќ и Колин Паркер.










