• Зоран Мишевски
И по завршувањето на завршниот турнир на Евролигата во кошарка во Абу Дабу нема да настанат промени на врвот на историските постигнувања на натпреварувањето.
На вечната листа на победници за време на играчката кариера недостижен е Дино Менегин со седум европски титули, од кои пет со Варезе и две со Милано. Зад него се Клифорд Луajк, кој со Реал Мадрид освои пет, исто колку и Алдо Осола со Варезе и Фрагискос Алвертис со Панатинаикос.
По четири европски титули имаат Брабендер, Кристобал, Родригез, Емилијано Родригез, Лоло Саинц, Карлос Севиљано и Марино Заната и Шарунас Јасикевичиус. Шпанија е земјата со најчесто место на Ф4, следена е од Грција и Италија.
Панатинаикос - Фенербахче и Олимпијакос - Монако се полуфиналните парови во „Етихад Арена“ во Абу Даби.